Рио де Жанеиро, 27. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Австриецот Доминик Тим е победник на АТП турнирот во Рио де Жанеиро од серијата 500 што се играше за награден фонд од 1.6 милиони долари.
До осмата победа во кариерата, шеста на земјена подлога, Австриецот стигна по триумфот во финалето против Пабло Карено Буста со 7-5, 6-4.
Џек Сок без борба го освои трофејот АТП турнирот во Делреј Бич од серијата 250 вреден 600.000 долари. Неговиот прптивник во финалето Милош Раониќ, се откажа од настап поради повреда, па американецот го освои третиот трофеј во кариерата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 28