февруари 20, 2017

Ротердам, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Французинот Жо-Вилфрид Цонга е победник на АТП турнирот во Ротердам, кој е една од последните најави за стартот на Мастерс серијата.

Цонга во финалето беше подобар од белгискиот тенисер Давид Гофан со 2-1 во сетови (4-6, 6-4, 6-1) и овој трофеј е прв за него од 2015 година и многу му значи по физичките проблеми кои ги имаше минатата година.

tennis-alexander-dolgopolov

На турнирот пак кој се играше во Буенос Аирес трофејот го освои Александар Долгополов откако со 2-0 во сетови (7-6, 6-4) го победи првиот носител, Јапонецот Кеи Нишикори. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука