News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 20, 2024

Охрид, 20. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) при спроведен редовен надзор на 18-ти овој месец во Охрид, од угостителски објект запленија и нештетно уништија небезбедна храна (месо и преработки од месо) во вкупна количина од 366 килограми.

Со контролата, покрај затекнатата небезбедна храна, утврдени се и недоследности во однос на хигиената кај овој оператор со храна.

За пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му е парична казна од 1.000 евра во денарска противвредност и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице. И по однос на утврдените недоследности во поглед на хигиената, дополнително изречена му е истата висина на парична казна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука