АХВ: Парични казни за маркет и месарница во Охрид поради констатирани нерегуларности
декември 13, 2024

Охрид, 13. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – При редовен надзор во Охрид, инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) парично казнија маркет и месарница во Охрид поради констатирани нерегуларности, пуштање во промет небезбедна храна и неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените.

– Со 1400 евра (1.000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице во правното лице) во денарска противвредност, казнет е маркет за пуштање во промет на небезбедна храна (сувомесни производи и мелено месо) кои биле без декларација и со поминат рок на употреба. Заради неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените, во Охрид, парично казнета е и месарница, информираат од АХВ.

Покрај тоа, по доставената иницијатива од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор, АХВ во Скопје, спроведе контрола кај оператор со храна кој стопанисува со киосци (тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок. Исто така, инспектори од АХВ пронашле и уништиле 241 килограм небезбедна храна во битолски угостителски објект, за што биле изречени и парични казни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука