Охрид, 13. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Посетата на Охрид е рутинска контрола, односно вршиме увид врз бројните проекти. Тоа не треба да се доведува со предупредувањата за бришење од листата на УНЕСКО.
Ова е ставот на експертите од комисијата на Унеско кои неколку дена вршат увид на проектите во Охрид, кои додаваат дека никогаш немало такво прашање.
– Нашата посета е рутинска за да ја провериме состојбата на објектите врз кои се врши конзервацијата а се дел од културното наследство на сите компоненти и за тоа да го известиме комитетот на Унеско.Остваривме средба со цел да го видиме прогресот и напорите на локалните и националните власти во заштитата на културното наследство и спроведувањето на забелешките на Унеско од лани на 40 седница Истанбул, изјави за медиумите Ања Сидоренко од комисијата на УНЕСКО.
Сидоренко додаде дека тие сега вршат само надзор. Подоцна ќе ги презентираат нивните препораки.
– Во овој момент неможеме ништо повеќе да кажеме. Не сме дојдени само за НП Галичица, туку вршиме мониторинг на целото културно и природно наследство и како тоа се заштитува , сите активности кои се преземаат. Никогаш не дошло во прашање Охрид да биде избришан од листата на Унеско. Ги разгледавме сите проекри за НП Галичица. Комплексните проекти беа на увид кај стручни експерти дел од комитетот Икомос затоа што се работи за многу комплексно подрачје богато со културни и природни вредности, прецизираше Сидоренко.
Комисијата на Унеско оствари средба со директорката на Завод и музеј Охрид Тања Паскали Бунташеска а потоа заминаа во увид на Плаошник, Антички театар, Богородица Перивлепта и Сцета Софија.
Паскали Бунташеска, исто така, даде кратка изјава за медиумите, во која нагласи дека тие работат според законот за природно и култрно наследство од страна на УНЕСКО, според законот за Охрид, законот за заштита на културно наследство, според закон за градење и просторно урбанистичко планирање.
– Мислам дека многу имаме сработено во последниве години и не гледам вооопшто зошто Охрид би се нашол на црна листа на УНЕСКО, категорична е Паскали Бунташеска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива