Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – А „Буково“ си гори, си гори, си гори… Со ваков коментар читатели на OhridPress доставија фотографии до нашата редакција од депонијата „Буково“, која очигледно и понатаму продолжува да гори.
– Депонијата си гори и понатаму. Ова е фотографирано денеска околу 14:45 часот. Си гори и си гори. Мора да се најде некое решение, не смееме вака да го оставиме да не труе, реагираат во дописот.
Периодов наназад, како решение за овој проблем се посочува регионалната депонија во општина Новаци, која требаше да биде готова во оваа година. Оваа депонија е дамнешно ветување кое треба да стави ред во оваа област во Охрид, Струга, Кичево и Битола, каде во моментов има бројни диви депонии каде се одложува ѓубрето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес