Лос Анџелес, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) -Очите на светската музичка јавност се свртени кон доделувањето на Греми наградите, кои годинава ќе се одржат на 8-ми февруари во Стаплес центарот во Лос Анџелес.
Во пресрет на 57-то издание на Греми наградите, Академијата за снимање ги најави имињата на добитниците на наградите за посебни заслуги во музиката, вклучувајќи ја и Наградата за животно дело, Наградата за највредно музичко дело и Техничка Греми награда.
По најавата за доделување на наградата за животно дело на музичарот Бади Гај, колегите музичари секојдневно му праќаат честитки.
Бади Гај роден како Џорџ Гај на 30 јули, 1936 година, е вистински производ на блузот и рокенролот. Музиката му е во крвта. Сега, на возраст од 78 години, неговата музика се уште оди далеку колку што тоа го направил првиот пат кога отсвирел нешто.
Домаќин на годинешното доделување на Греми наградите ќе биде LL Cool J. Оваа манифестација е музички настан со рекордно најголем број на категории и номинации. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива