Охрид, 6. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утрово во сите парохиски цркви во Охрид ќе се одржат свети литургии, кои ќе продолжат и за Божикните празници.
Со традиционална бадникова посна трпеза, со желби за многу здравје, среќа и бериќет во престојната година и годинава Охриѓани ќе ги дочекаат Божикните празници, претежно во кругот на најблиските.
Во раните утрински часови на денот пред Божик, Бадник, најмладите коледари во духот на традицијата ќе ги пеат своите бадникови песни и ќе ни го најават раѓањето на Синот Божји. Според верувањата и обичаите, на богатата бадникова посна трпеза ќе се најде и лепчето со паричка, а оној кој ќе го најде, се верува дека ќе го прати среќа во текот на годината. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 37