Минхен, 1. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според пишувањето на германскиот весник „Кикер“ Баерн договорил уште едно засилување за следната сезона, а станува збор за еден од најголемите германски таленти,Серж Гнабри.
Овој 21-годишен страничен напаѓач минатото лето се врати во Германија откако не доби шанса во Арсенал, а минатата сезона и во ВБА како позајмен фудбалер имаше мала минутажа.
Гнабри оваа сезона игра одлично во дресот на Вердер и досега на 21 натпревар постигна 10 гола во Бундеслигата. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 15