март 6, 2017

Леверкузен, 6. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Баер Леверкузен му врачи отказ на тренерот Роџер Шмит по тешкиот пораз со 6-2 од Борусија Дортмунд во саботниот натпревар од 23-тото коло на Бундеслигата.

После овој пораз намалени се шансите на тимот за пласман во европските купови следната сезона.

Шмит го презеде тимот од Леверкузен во текот на летото на 2014 година а се очекува новиот тренер на “фармацевтите” да биде соопштен во наредните денови. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука