декември 20, 2017

Охрид, 20. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од утре во Охрид започнува Базична обука за детски права, наменета за новинари и уредници од различни медиуми.

Станува збор за дел од планираните активности во рамките на на проектот „Да ги земеме правата во нашите раце“, што го спроведува Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Обуката има за цел да формира обучена група на новинари кои што подоцна со поддршка на  Правата детска Амбасада Меѓаши ќе креираат Кодекс за известување на случаи каде што децата се жртви, сведоци или сторители на насилство.

– Во текот на следните години, по финализацијата на кодексот, истиот ќе биде дистрибуиран до новинарите кои што известуваат вакви стории, до медиумите и до главните уредници. Дел од обуката ќе биде посветен на потребите на новинарите за подобро известување кога станува збор за случаи на насилство врз деца или кога децата се сторители на насилство, следејќи ги потребите за заштита на децата и нивните права. Очекуваме дека со овие обуки ќе помогнеме во намалувањето на штетите кои понекогаш им се нанесуваат на децата жртви, сторители или сведоци на насилство како и надминување на предрасудите, стереотипите и говорот на омраза. Обучувачи ќе бидат: г-дин Блерим Јашари, г-дин Зоран Иванов и г-ѓа Лилјана Илиевска, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука