Охрид, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 21-ви февруари во клубот Jazz Inn во Охрид ќе има вечер посветена на стенд-ап комедијата, со учество на балкански комичари.
Во Охрид ќе гостуваат комичарите: Александар Перишич од Србија, Никола Силич од Србија и Марина Орсаг од Хрватска. Во улогата на домаќин (а.к.а MC) на настанот ќе биде охридскиот актер Никола Тодороски.
Охриѓани ќе имаат ретка можност да ги видат едни од најдобрите имиња на балканската стенд-ап сцена.
Настанот е насловен Stand Up Internacionala. Билетите можат да се купат во музичката продавница „Зизи Топ“ по цена од 200 денари. Почетокот на настанот е во 22:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 34