Барселона,3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што пишува шпанскиот весник “Ас” управата на фудбалскиот клуб Барселона ова лето планира да го продаде напаѓачот Педро Родригез.
Педро не е задоволен од минутажата што ја добива оваа сезона и поради тоа е подготвен да си замине од “Ноу Камп”.
Според информациите во шпанските медиуми, Барселона за Педро бара 30 милиони евра, а интерес за напаѓачот веќе покажале Англиските премиерлигаши Ливерпул, Арсенал и Манчестер Јунајтед.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28