Барселона, 5. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – „Мундо Депортиво“ јавува дека управата на Барса веќе започнала да работи на трансферот на Пол Погба од Јувентус, кој би требало да пристигне на „Камп Ноу“.
Каталонскиот весник наведува дека Барселона ќе се обиде во следните неколку месеци да ги среди сите формалности и договорот да биде реализиран до крајот на сезоната.
Каталонците за Пол Погба се подготвени да платат 100 милиони евра и да го претстават како ново засилување во јуни, а Французинот право на настап ќе има дури во јануари следната година кога ќе истече казната на ФИФА. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 25