Барселона, 08. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Барселона и Атлетико Мадрид на реваншот од полуфиналето во шпанскиот Куп одиграа возбудлив и тензичен меч на „Камп Ноу“, по кој каталонците обезбедија пласман во големото финале.Тие синоќа на домашен терен одиграа нерешено 1-1 и со вкупни 3-1 обезбедија пласман во финалето.
Барселона средбата ја заврши со двајца фудбалери помалку по исклучувањата на Серхи Роберто и Суарез, додека кај гостите Јаник Караско предвреме го заврши натпреварот поради втор жолт картон.
Противник на Барселона во финалето ќе биде подобриот од другата полуфинална пресметка во која се среќаваат Селта Виго и Алавес. Првиот нивни дуел заврши 0-0, а реваншот е вечерва со почеток во 21 часот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива