март 21, 2017

Барселона, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Челниците на Барселона го гледаат стратегот Масимилијано Алегри како идеален избор за нов тренер на каталонскиот гигант.

Ова го откриваат каталонските медиуми, кои објавија дека на Алегри му бил понуден договор под одлични услови, плата од осум милиони евра по сезона за следните три години, плус бонуси за освоени трофеи.

Управата на Барселона покрај за овој тренер се интересира и за Ернесто Валверде, кој моментно го води Атлетик Билбао, а како опција се споменува и првиот асистент на Луис Енрике, Хуан Карлос Унзуе. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука