Охрид, 10. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На потегот околу плажата „Бафало бич“ во Охрид, припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на Република Македонија денеска и утре ќе реализираат вежбовни активности со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.
Во вежбата ќе биде вклучен и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.
Активностите се во рамки на финалната подготовка за утрешната тактичко-техничка показна вежба на Баталјонот за специјални сили на Армијата – препад на пловен објект и командно место.
Од СВР Охрид апелираат до граѓаните кои ќе сакаат да ја проследат вежбата од означените места, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес