Охрид, 5. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сензационално и спектакуларно помина роденденската вечер на фестивалот „Охридско лето“ со несекојдневниот мултимедијален проект „Вивалдиано“.
Композициите на италијански композитор Антонио Вивалди беа донесени на еден нов возбудлив начин, проткаени со нишка на рок енергија и сето тоа збогатено со видео презентации, визуелни 3Д ефекти и светлосно шоу.
Сето тоа приреди незаборавно естетско доживување и воодушевување за публиката на Античкиот театар, која со аплаузи и овации да ја наградуваше секоја изведба. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 21