Охрид, 18. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти јануари 2020 година, околу 10:00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во куќа во селото Климештани, општина Дебрца, бил пронајден починат 59-годишниот С.Б. од истото село.
– Лекар од Итната медицинска помош констатирал повреди во пределот на главата. Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи а по наредба, врз телото денеска ќе биде извршена обдукција. СВР Охрид презема мерки за расветлување на настанот, информираат од Секторот. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 24