февруари 19, 2015

Брисел, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите Еден Азар ,Тибо Куртоа, Кевин Миралас и Дивок Ориги се наоѓаат под лупа на даночните власти на Белгија, кои ги проверуваат граѓаните кои своите пари ги чуваат во странски банки.

Според белгискиот весник “Де Морган”даночниците се сомневаат дека фудбалерите голем дел од парите ги чуваат во банка во Луксембург, се со цел да го избегнат плаќањето на данокот на луксуз во Белгија.

Доколку властите успеат да докажат дека играчите  затаиле данок со намера ,тогаш се соочуваат со парична казна од најмалку 50.000 евра и плаќање на скриениот данок.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука