февруари 19, 2015

Скопје, 19. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 21-ви февруари во МКЦ ќе настапат Soldout од Белгија и Ensh од Србија.

Kомплетната заработка од продажбата на влезници ќе биде намента за реализација на програмата на Прво па женско, што ќе се оддржи од 6ти до 8ми март во МКЦ.

One-man-show атракција, Ensh, позади која се „крие“ продуцентот Миленко Вујошевиќ ја започнува својата амбициозна балканска турнеја заедно со белгиското елетро дуо Soldout. Турнејата ќе опфати 11 балкански градови, вклучувајќи го и Скопје.

Лириките на Ensh до неодамна беа на англиски јазик, а со новиот сингл Ćuti (Молчи) ја започнува новата етапа во творештвото. Низ игра со текстовните досетки и изрази карактеристични за балканот, Ensh ја создаде заразната мелодија која, покрај со зборови, кокетира и со различни електро и поп стилови. Израснат во Торонто, Канада, а денес со адреса во Белград, Ensh ќе се обиде да го шармира балканот.

Soldout на оваа турнеја ќе го промовира саундтракот “Puppylove” и албумот “More”.

Љубителите на волшебниот електро звук ќе бидат во можност да се препуштат на нивниот специфичен аудио-визуелен перформанс. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука