јули 9, 2019

Струга, 9. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Околу 700 деца и нивни придружници од семејства во социјален ризик од цела држава, од минатата недела до крајот на летото во пет смени ќе престојуваат на летен одмор во Струга.

Одморот се реализира со поддшка од Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст, а сместувањето е во одморалиштето „Мајски цвет“.

Одморот којшто е во траење од една недела и опфаќа шест полни пансиони го користат деца од петто до деветто одделение. Наменет е за членови на семејства корисници на гарантирана минимална помош и детски и образован додаток, деца без родители и родителска грижа, како и деца со попреченост, односно корисници на посебен додаток до 26 години возраст.

Image may contain: one or more people, tree, sky and outdoor

Министерството за труд и социјална политика продолжува да вложува во подобри услови за ранливите категории граѓани, бидејќи секој човек заслужува достоинствен живот и секое дете еднаква шанса. Со социјалната реформа значително ја зголемивме финансиската помош за домаќинствата во социјален ризик, воведовме нови мерки и услуги за нивно полесно секојдневие и поквалитетен живот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: МТСП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука