април 5, 2018

Охрид, 5. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод  големиот христијански празник Велигден во недела, 8-ми април паркирањето во Охрид ќе биде бесплатно, одлучи ЈП „Билјанини извори“.

– Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник, велат од претпријатието, воедно честитајќи го празникот на православните верници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука