август 8, 2017

Охрид, 8. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на одбележувањето на празникот Св. Климент Охридски, а со цел да се поведе поголема превентивна грижа за здравјето на населението, особено во време на високи температури на воздухот, на Градскиот плоштад во Охрид денес ќе се вршат здравствено-превентивни прегледи.

– Прегледите ќе се вршат во периодот од 09:00 до 23:00 часот во соработка со Здружението на лица со дијабет Тип 1 од Охрид, и Здружението „Мозочен удар“ – Охрид. Медицинските екипи ќе им бидат на располагање на сите заинтересирани охриѓани и гости кои ќе имаат желба и потреба да го дознаат своето ниво на шеќер во крвта, како и да направат основен здравствен преглед-мерење на крвен притисок, ЕКГ и добијат корисни совети за заштита на своето здравје особено при екстремно високи температури на воздухот, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука