Охрид, 12. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на предвидените здравствено-превентивни активности, охридскиот Црвен крст, во соработка со болницата „Систина Офталмологија“, во сабота, на 15-ти февруари 2020 година, организира здравствено едукативен настан кој се состои во предавање и бесплатни консултации со тимот на болницата.
Предвидени се настани на две теми:
– катаракта, што е и кои се можните решенија со д-р Викторија Филева, од 11:00 до 12:00 часот во големата сала во Здружение на пензионери Охрид, на улица „Димитар Влахов“ бр. 50 (наспроти охридската Гимназија) и
– ласерска корекција на диоптрија со д-р Викторија Филева, од 12:30 до 13:30 часот, во просториите на Црвен крст Охрид. Модератор на настанот ќе биде Огнен Јанески.
– Доколку имате проблем со катаракта, размислувате како да се ослободите од очните помагала и да гледате без ограничувања, и доколку сакате да дознаете повеќе за ласерска корекција на диоптрија и можните начини за отстранување на диоптријата, Ве очекуваме на овој настан. Бројот на присутни лица е ограничен и затоа не се двоумете, пријавете се на телефоните: 070/315-309, 046/261-909, 070/351-008 или директно во просториите на Црвен крст Охрид, најдоцна до петок, 14.02.2020 година, до 16:00 часот, порачуваат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива