февруари 15, 2018

Охрид, 15. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид распиша конкурс за бесплатни курсеви за монтери на електрични инсталации, заварувачи и за изучување на полски јазик.

Конкурсот е дел од активните мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд, а со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување.

Предност за пријавување на курсевите имаат невработените лица, евидентирани во охридскиот центар за вработување како активни баратели на работа.

За курсот за полски јазик можат да се пријават и лица вработени во туристичкиот сектор со оглед на зголемениот број на туристи од Полска.

Заинтересираните треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на општинската веб страна.

Конкурсот е отворен во наредните 15 дена. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука