Охрид, 16. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Кардиолошкиот Завод во Охрид се реализира акцијата за бесплатни прегледи на крвен притисок и ЕКГ прегледи, кои оваа реномирана здравствена установа ги прави како дел од активностите предвидени во рамки на „Недела на борба против хипертензијата“ која се одбележува и во Охрид.
– Една од нашите цели е подигнување на свеста за превенцијата и објаснување на граѓаните колку е важна превенцијата од високиот крвен притисок, како да ги избегнуваат ризик факторите, што е исклучително важно за да се заштити здравјето и да се превенира овој голем ризик фактор во кардиоваскуларните заболувања, истакна Д-р Слаѓана Тупаре, субспецијалист кардиолог.
Тимови на Кардиолошкиот Завод утре ќе вршат мерења на притисок кај вработени во општина Охрид, а во петок тоа ќе се прави во СВР Охрид и Пожарната. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива