Охрид/Струга, 11. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Охрид и во Струга ќе се одржи бесплатно предавање на тема „Договори за издршка, подарок, тестамент“, наменето за повозрасни граѓани и пензионери.
Предавач ќе биде адвокат Оливера Доцевска, од Скопје, со 17-годишно работно искуство во обаста на правото и човековите права и слободи.
Ќе говори за аспектите на заштита на имотот и личноста при располагање со имотот со – тестамент, договор за подарок и договор за доживотна издршка.
Предавањето ќе биде од 11:30 во Охрид, во ресторанот „Белведере“ и од 14:00 во Струга, ресторан Станица кај црквата Св.Димитрија.
Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој е спроведуван од Локалната агенција за развој од Струга која е членка на Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година.
Во текот на март и април ќе бидат организирани викенд работилници за здраво готвење и јога часови за витално стареење. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива