јуни 23, 2017

Охрид, 23. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР  Охрид поднесе кривична пријава против М.А. (47), државјанин на Сириска Арапска Република и против правно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“.

Пријавените во текот на оваа година, како сопственици и инвеститори на градба на катарстарска парцела во Велгошти, спротивно на законот за градење, односно без одобрение за доградба издадено од надлежен орган, на семејна куќа бесправно доградиле приземје и поткровје.

Во текот на март и април годинава, овластен градежен инспектор од општинското  Одделение за инспекциски надзор,  извршен е надзор при што истиот констатирал незаконитости и потврдил дека се работи за бесправно дограден објект,спротивно на Законот за градење. (Крај)

извор: СВР   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука