Охрид, 23. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонија, ја има шансата да биде поставена на брз колосек од пругата на патот кон евро-атланското интегрирање.
Во понеделник еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, ќе учествува во работата на владината седница, како израз на решеноста да ни ја пружат сета помош, најави денеска од Охрид министерот за правда Билен Саљији.
Салији, говореше пред прд магистрантите и докторантите – правници, кривичари и политиколози, учесници на Охридската школа на природното право „Демократија и владеење на правото“, во организација на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ и со поддршка на амбасадата на САД во Скопје..
– Новата влада е одлучна во посветеноста да работи со целиот капацитет, во имплементацијата на препораките од експертската група, раководена од Рајнхард Прибе, која во име на ЕУ, во 2015 година, го подготви списокот на неопходните реформи кои земјава треба да ги преземе за да го надмине застојот на патот кон зачленување во ЕУ. Македонија ќе ги исполни сите стандарди, за никогаш повеќе во оваа земја да не владеат неправичноста и неморалноста, потецираше Салији.
Новиот министер за правда најави нов принцип на работа, транспарентност и отвореност, како што рече, 24 часа – од негова страна и целата администрацијуа на министерството. Тој побара отворена помош и поддршка од стручната и научната јавност, бидејќи, како што рече, е исправен пред огромна одговорност во реконструкцијата на правниот систем.
Министерот Салији, не заборави да им каже на слушателите, дека денеска тој за прв пат настапува јавно од новата позиција, а тоа се совпаднало и со неговиот роденден што беше бурно поздравено.
Пред учесниците на Школата, денеска говореше и раководителот на експертската група, на ЕУ Рајнхард Прибе. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес