Струга, 10. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 32-годишен стружанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 8-ми август 2023 година во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Во друг случај, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 27-ми февруари 2023 година, во струшкото село Октиси, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес