Охрид, 2. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 1. февруари 2023 година, во 13:20 часот кај плажата „Дебрца“ на магистралниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од СВР Охрид го привеле 31-годишниот А.Б. од Охрид.
– При преглед на патничко возило марка „Фолксавген голф“, во кое бил со уште едно лице, полициските службеници кај него пронашле и одзеле марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 49