Струга, 19. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– На 19-ти октомври 2023 година во струшкото село Велешта, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 37