Охрид/Струга, 13. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти октомври 2023 година, во 22:00 часот на улицата „Крум Точко“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 25-годишно лице од Струга затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 27