Струга, 22. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– На 16-ти мај 2023 година во Струга, полициски службеници пронашле и одзеле хероин, кој претходно го фрлил пријавениот, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 43