Струга, 13. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти јули 2024 година, во 19:10 часот, на улицата „15-ти Корпус“ во Струга, лишено е од слобода 48-годишно лице од Скопје.
– При извршен преглед, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа бела грутчеста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 59