Струга, 18. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 58-годишниот С.П. од Вевчани, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.
– Пријавениот, во својство на службено лице, вработен во Јавното претпријатие Национални шуми ПШС „Јабланица“ Струга, во периодот од 15-ти до 29-ти ноември 2022 година, додека бил на боледување, службениот чекан за жигосување на дрва со кој бил задолжен, му го дал на А.Ќ., вработен во склад за дрва, сопственост на приватната фирма од селото Велешта, со што му овозможил да жигосува дрва, да ги пушта во промет и да оствари имотна корист, а изготвил и пет испратници за две фирми од селото Велешта, за превоз на исечените дрва од ШСЕ „Глобочица“ до склад за дрва во Велешта. Со ова им овозможил на правните лица да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 112.200 денари, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива