Охрид, 24. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, на возраст од 54 и 56 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– Првопријавениот набавил кокаин и хероин и заедно со второпријавениот во угостителски објект во Охрид, сопственост на првопријавениот, ги препакувале и вршеле продажба на подрачјето на Охрид. При претрес во објектот биле пронајдени дигитална вага со остатоци од хероин и кокаин и дробилка со остатоци од марихуана, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 309