Билтен на СВР Охрид: Жител на селото Белчишта физички нападнат во угостителски објект на улицата „15-ти Корпус“
јануари 9, 2025

Охрид, 9. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми јануари 2025 година, во 23:15 часот, во угостителски објект на улицата „15-ти Корпус“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 21-годишно лице од Охрид врз 20-годишник од селото Белчишта, општина Дебрца.

– По документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука