Охрид, 27. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми октомври 2024 година, во 00:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во патнички автомобил марка „Фолксваген Пасат“, со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 35-годишно лице од Скопје, кое било паркирано во охридското село Пештани, покрај регионалниот пат Охрид-Св.Наум, избувнал пожар.
– Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. По насока на јавен обвинител, врз моторното возило ќе биде извршен вештачење, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ТППЕ Охрид Пожарна
Прочитано: 19