март 11, 2023

Охрид, 11. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти март 2023 година, во 15:20 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, приведен е 50-годишниот Љ.О. од селото Белчишта, општина Дебрца.

– При преглед во автомобил марка „Алфа Ромео“, со кочански регистарски ознаки, што тој го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле опојна дрога марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука