Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде марихуана и грендер во домот на 46-годишен охриѓанец
октомври 3, 2024

Охрид, 3. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и метален грендер со остатоци од растението канабис, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука