Охрид, 30. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
– При контрола извршена на патничко моторно возило марка „Мерцедес“, во кое тој се превезувал, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога Марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 173