News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
март 20, 2023

Охрид/Белчишта, 20. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти март 2023 година, во 15:15 часот, во СВР Охрид приведен е 50-годишниот Љ.О. од селото Белчишта, општина Дебрца.

– При преглед на возило марка „Алфа Ромео“ што тој го управувал, извршен на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. Истиот ден околу 22:00 часот, во СВР Охрид приведен бил 24-годишниот А.Д. од Охрид. При преглед на патнички автомобил марка „Ауди“ што тој го управувал, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настаните, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука