мај 26, 2023

Охрид, 26. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти мај 2023 година, во 15:30 часот, во СВР Охрид приведени се 39-годишниот В.Б. од Охрид и 73-годишниот М.А. од Белчишта, општина Дебрца.

– Тие, претходно на булеварот „Туристичка“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување поради недоразбирање околу паркинг место, а потоа не ги почитувале наредбите од полициските службеници. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука