News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 9, 2024

Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти ноември 2024 година, во 00:25 часот, на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, лишија од слобода 20-годишно лице од Охрид.

– Тој се сомничи дека е сторител на кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, сторено на 8-ми ноември 2024 година, во 23:30 часот пред спортска сала во Охрид. Притоа, со повреди нанесени со остар предмет се здобиле 25-годишно лице од селото Лактиње, општина Дебрца, и две лица од Охрид, двете на возраст од 22 години. Во врска со овој настан, на 9-ти ноември 2024 година, во 00:40 часот, во СВР Охрид повикано е 20-годишно лице од Охрид и пронајдено е моторно возило „БМВ“ со охридски регистарски таблици, кое било управувано од осомничениот. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука