Охрид, 23. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишните К.М. и А.П., двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
– На 12-ти јули 2022 година, на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, во кое се превезувале пријавените, при што бил пронајден и одземен кокаин, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 42