Струга/Охрид, 18. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од струшкото село Драслајца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.
– Тој, во својот автомобил марка „Форд мондео“, што го паркирал во авто камп во Охрид, му овозможил на лице од Струга користење марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 42