Охрид/Битола, 16. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 70-годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
– На 22-ри април 2024 година, при сообраќајна контрола на патот Ресен-Охрид, кај селото Лескоец, полициските службеници го затекнале пријавениот при вршење јавен такси превоз на патници без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 32