Охрид/Струга, 23. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 41-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување употреба на наркотични дроги“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– При преглед во патнички автомобил марка „Опел астра“ на регионален пат Охрид-Струга, во кој пријавениот бил со лице од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со траги од кокаин и хероин, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 83